понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

ЕК признава дека учеството на Урсула фон дер Лајен во хрватската изборна кампања беше „грешка“

ЕК признава дека учеството на Урсула фон дер Лајен во хрватската изборна кампања беше „грешка“
epa07708017 Ursula von der Leyen the nominated President of the European Commission gives a press briefing following a meeting of Political groups Presidents at European Parliament in Brussels, Belgium, 10 July 2019. Von der Leyen is meeting alll groups about her nomination as the head of the European Commission, a vote will take place next week at plenary session of the parliament. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер призна дека појавувањето на претседателската на институцијата, Урсула фон дер Лајен било „ненамерна грешка“, но Комисијата не се извини.

Фон дер Лајен, заедно со еврокомесарката Дубравка Шуица, во текот на изминатиот викенд се појавија во видео запис на хрватската партија ХДЗ во изборната кампања, предизвикувајќи лавина од негативни реакции во европската јавност, бидејќи Европската Комисија е должна да не се меша во внатрешната политика на земјите членки, како што јасно гласат повелбите на Европската унија и Кодексот на однесување на еврокомесарите.

Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, изјави дека станува збор за ненамерна грешка и дека Фон дер Лајен се појавува во клипот во својот личен капацитет, иако видеото е снимено во студиото на ЕК, а во позадина стои слика од зградата на институцијата.

Портпаролот тврди дека Лајен тој ден снимила „повеќе видеа“ за повеќе различни настани, и дека клипот е испратен во Загреб на постпродукција. Комисијата тврди дека не била запознаена ниту со намерата на партијата ХДЗ да ја потпишат фон дер Лајен како претседателка на ЕК во клипот, што е во директна контрадикција со тврдењето дека таа се појавила „во личен капацитет“, а не службен.

Членот 9-3 од Кодексот на однесување на ЕК јасно гласи дека евркомесарите мораат да се „воздржат од било каква изјава или јавен настап во име на политичка партија или организација на социјални партнери во кои членуваат, освен ако се кандидати за изборен мандат“.

Фон дер Лајен е член на Европската народна партија, како и хрватската ХДЗ, но таа е должна да остане политички неутрална кога настапува како претседателка на Европската комисија.

Никогаш во историјата на Европската унија, претседател на Европската Комисија не се појавил во изборна кампања на ниту една политичка партија.

Новинарите на денешниот брифинг прашаа дали Урсула фон дер Лајен ќе се извини и дали ќе се преземат некакви мерки, но портпаролот остана на признавањето „ненамерна грешка“, и додаде дека е потребно во иднина да се „појаснат правилата“.

-Треба да воведеме процедури со кои ќе се осигуриме дека доколку се сними видео запис од политичка природа, тоа ќе се прави во целосно почитување на правилата на Кодексот на однесување, таа е свесна за грешката и со сигурност ќе бидеме во друга положба доколку ваква ситуација некогаш се повтори, рече Мамер.

Според информациите од ЕК, Урсула фон дер Лајен одлучила да се појави во клипот без претходно да ги консултира ниту своите најблиски советници, ниту портпаролите, кои го откриле клипот на Твитер како цела европска јавност. (МИА)

Коронавирус