сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

ЕК очекува европските часовници да се синхронизираат до Велигден

ЕК очекува европските часовници да се синхронизираат до Велигден

Европската комисија денеска изрази очекување дека нарушената работа на дигиталните часовници на континентот ќе се нормализира до Велигден, односни кон почетокот на април.

Комисијата појасни дека досега е објаснето како дa се надоместат недоволните количества струја во европскиот енергетски систем. Портпаролот на институцијата изјави дека досега вакво нешто не се случило.

Фреквенцијата на електрична енергија во европската мрежа е намалена од почетокот на јануари, а тоа доведе до доцнење на дигиталните часовници. Европската асоцијација на оператори на електронските мрежи истакна дека од проблемот се погодени  25 земји.

Отстапувањето од вообичаената европска струја од 50 херци е предизвикано од недоволно снабдување со енергија во регионот на Косово и Србија поради политичкиот спор меѓу Приштина и Белград. Поради овие проблеми, дигиталните часовници заостануваат околу шест минути.

Коронавирус