вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 183
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Вести

ЕК нуди 80 милиони евра помош за „ЦуреВац“ за развој на вакцина против Ковид-19

ЕК нуди 80 милиони евра помош за „ЦуреВац“ за развој на вакцина против Ковид-19

Европска комисија понуди 80 милиони евра финансиска поддршка за германската биофармацевтска компанија „ЦуреВац“ за забрзување на развојот и проиизводството на вакцина против новиот коронавирус.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан и еврокомесарката за иновации и истражувања Марија Габриел вчера преку видео-врска разговараа со управата на „ЦуреВац“, а во разговорот учествуваше и потпретседателот на Европска инвестициска банка (ЕИБ), Амброаз Фајол.

Поддршката за германската фирма би била гаранција на ЕУ за заем од ЕИБ.

– Во ова здраствена криза од најголема важност е да ги поддржиме нашите водечки истражувачки технолошки компании. Одлучивме да и обезбедиме на „ЦуреВац“ финансирање потребно за забрзување на развојот и производство на вакцина. Горда сум дека имаме водечки компании како „ЦуреВац“ во ЕУ, посочи фон дер Лајан.

„ЦуреВац“ е формирана во 2000 годинан и разви нова технологија со која е надмината една од најважните препреки за употреба на вакцината – потребата да се одржи стабилна без ладење. Прелиминарните истражувања покажуваат дека таа технологија ветува брз одговор на Ковид-19. Компанијата веќе почна своја програма за развој на вакцина за новиот коронавирус и се проценува дека клиничкото тестирање ќе почне до јуни годинава.

Според германските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп се обидува германските експерти од „ЦуреВац“, кои работат на вакцината против Ковид-19, нудејќи им големи суми пари да ги доведе во САД или да обезбеди ексклузивни права на вакцината.

Локални избори 2021