недела, 27. септември 2020. Вести денес: 65
home Вести

ЕК ја објави обновената листа, ова се интернет страници и списанија за пиратерија со седишта вон ЕУ

ЕК ја објави обновената листа, ова се интернет страници и списанија за пиратерија со седишта вон ЕУ

Европската комисиja oбjaви обновена листа за контрола на интернет страниците и списанија со седишта вон Европската Унија што објавуваат пиратски содржини.

Листата се изготвува со цел надлежните да преземат мерки за прекин на незаконската активност и заштита на интелектуалната сопственост.

– Непочитувањето на интелектуалната сопственост претставува удар врз севкупната европска економија, зашто така се намалуваат инвестициските и буџетните приходи, како и работните места во нашите творечки и иновативни индустрии. Листата за надзор на криумчарењето и пиратеријата е дел од пообемните наши напори за гарантирање дека европските компании можат да дејствуваат рамноправно и вон границите на ЕУ и дека кориснииците од ЕУ се заштитени, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром.

Според податоците на извештајот, заработката од пиратеријата на годишно ниво во светски рамки е околу 338 милијарди евра.

Следат најчестите видови интернет страници кои се цел на посебен надзор:

1. „Киберлокери“ – тоа се оние сајтови за зачувување и споделување на датотеки во облак, на пример. Содржините се управуваат од самиот сопственик на страницата, при што на неа може да се прикачат и легални, и нелегални содржини.

2. Стриминг страници за гледање филмови, ТВ серии, и платформи за смнување музика, книги, видео-игри и компјутерски програми: WWWPromoter, rapidgator.net (rg.to), uploaded.net (ul.touploaded.to), openload (oload.tvopenload.coopenload.io, oload.stream, openload.link, openloadmovies.net), 4shared.comsci-hub.tw/#aboutlibgen.ioibgen.pwlib.rus.ecbookre.orgbooksc.orgbook4you.orgbookfi.netb-ok.org, H2converter.com, downvids.netfullhdfilmizlesene.orgseasonvar.rudwatchseries.to1channel.ch, rnbxclusive.review, ThePirateBay.org, rarbg.torutracker.org, Torrentz2.eu, 1337x.to, Mp3va.com, Mp3caprice.com, Popcorn Time и други.

3. Страници за симнување пиратски мобилни апликации.

Коронавирус