среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

ЕК додели нови 37 милиони евра за мигрантите во Грција

ЕК додели нови 37 милиони евра за мигрантите во Грција

Европската комисија и додели дополнителни 37,5 милиони евра за подобрување на условите за прием на мигрантите во Грција.

Грчките власти ќе добијат 31,1 милиони евра за активности како здравствената грижа за мигрантите, преведувачките услуги и исхраната, како и за подобрување на инфраструктурата во приемниот центар во Филакио, соопшти ЕК.

Дополнителни 6,4 милиони евра и се доделуваат на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), исто така за подобрување на условите на прием на мигрантите во Грција.

Коронавирус