четврток, 25. април 2019. Вести денес: 8
home Вести

Еjми Клобушар најави кандидатура за претседател на САД

Еjми Клобушар најави кандидатура за претседател на САД

Демократската сенаторка од американската сојузна држава Минесота, Еjми Клобушар најави дека ќе се бори за освојување на кандидатурата на Демократската партија за претседател на САД на изборите во 2020 година.

-Стојам пред вас како внука на рудар, ќерка на учителка и новинар и прва жена од Минесота избрана во Сенаттот, за да ја објавам мојата кандидатура за претседател на САД, изјави Клобушар пред нејзините приврзаници.

Клобушар, која во моментов го отслужува третиот мандат во Сенатот, досега е најпознат кандидат за претседател на демократите по потекло од некоја од државите од Средниот Запад на САД.

Покрај, Клобушар, свои амбиции да бидат претседателски кандидат на демократите на изборите во 2020 година најавија и Елизабет Ворен од Масачусетс, Камила Херис од Калифорнија, Кори Букер од Њу Џерси и Кирстен Гилберт од Њујорк.