петок, 18. септември 2020. Вести денес: 147
home Вести

Египетските пирамиди и Бурџ Калифа во боите на либанското знаме

Египетските пирамиди и Бурџ Калифа во боите на либанското знаме

По силната експлозија што вчера го потресе Бејрут, во чест на големиот број жртви, египетските пирамиди и зградата Бурџ Калифа синоќа беа во боите на либанското знаме.

На тој начин, Египет им оддаде почит на сите жртви кои загинаа во Бејрут.

Исто така, и Дубаи, со осветлување на најголемата зграда во светот Бурџ Калифа во боите на знамето на Либан, им оддаде почит на жртвите.

Според досегашните податоци, најмалку 78 лица загинаа во експлозијата, а околу 4.000 се повредени.

Коронавирус