понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 184
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Египет потврди 75 смртни пресуди

Египет потврди 75 смртни пресуди

Суд во Каиро потврди денеска 75 смртни пресуди вклучително и за лидери на Муслиманско братство во врска со демонстрациите во поддршка на претседателот Мохамед Морси во 2013 година.

Тоа е најголем број смртни пресуди произнесени за едно дело. Одлуката беше донесена на 28 јули.

Четириесет и четворица беа во судницата, а 31 се осудени во отсуство.

По соборувањето од власт на 3 јули 2013 година на Мохамед Морси, првиот демократски избран претседател во Египет, државата беше зафатена од бран насилства со месеци. (МИА)

Коронавирус