вторник, 11. август 2020. Вести денес: 14
home Вести

Египет: Потврдени 13 смртни казни за тероризам

Египет: Потврдени 13 смртни казни за тероризам

Највисокиот египетски Апелациски суд денеска ги потврди смртните казни на 13 лица осудени за терористички напади во главниот град Каиро, во кои загинаа двајца полицајци.

Касацискиот суд, исто така, ги потврди и доживотните казни затвор за 17 лица и помалите казни за уште девет лица, сите со слични обвиненија.

Осудените се обвинети дека се обиделе да убијат полицајци и цивили, така што поставиле експлозивни направи пред универзитетскиот кампус во декември 2014 година и пред претседателската резиденција следниот месец. Во нападите, 12 лица беа повредени.

Првите казни беа изречени во 2017 година, а пет лица беа ослободени.

Коронавирус