петок, 23. август 2019. Вести денес: 10
home Вести

Египет ја отвора границата со Појасот Газа за месецот Рамазан

Египет ја отвора границата со Појасот Газа за месецот Рамазан

Египетскиот претседател Абдел Фатах Ас Сиси нареди да биде отворен граничниот пункт со Појасот Газа за време на целиот свет месец Рамазан.

Граничниот пункт „Рафах“ со палестинската територија повеќето време е затворен и ова ќе биде негово најдолго отворање со години.

Сиси на Твитер напиша дека ја донел оваа одлука за да „го олесни бремето за браќата во Газа“.

Египет ја затвори границата откако во 2013 година зачестија нападите против египетските безбедносни сили.

МИА