четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 57
home Вести

Едуард Хегер именуван за нов премиер на Словачка

Едуард Хегер именуван за нов премиер на Словачка

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го именува Едуард Хегер за нов премиер во четвртокот, ставајќи крај на едномесечната политичка криза.

Хегер ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Игор Матовиќ, кој пак ќе ја преземе поранешната функција на Хегер, министер за финансии.

Како што пренесуваат агенциите, целта на размената е да се ублажат коалициските спорови настанати околу ненадејното купување на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ од страна на Матовиќ во март, без консултации со коалициските партнери.

Матовиќ поднесе оставка во вторникот, а сите четири партии во владејачката коалиција се согласија да го поддржат новиот кабинет, предводен од Хегер.

Во неделата, Матовиќ се согласи да ги размени позициите со министерот за финансии Хегер. Тој и Хегер се членови на најсилната партија во коалицијата, ОЛАНО.

Словачка беше сериозно погодена од пандемијата на коронавирус, а владината криза избувна на 1 март откако Матовиќ нарача руска вакцина без знаење на коалициските партнери. Словачка доби 200.000 дози од „Спутник В“, но сè уште не започна да вакцинира со неа, додека не се тестира пратката.

Локални избори 2021