понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 140
home Вести

Едно лице загина во судир на два мали авиони над Отава

Едно лице загина во судир на два мали авиони над Отава

Едно лице загина во судир на два мали авиони над канадскиот главен град Отава, соопшти локалната полиција, прецизирајќи дека несреќата се случила над западниот дел на градот малку по десет часот претпладне по локално време.

Полицискиот наредник Џејми Харпер изјави дека еден авион се урнал во поле, а другиот со мали оштетувања успеал да слета на Меѓународниот аеродром во Отава.

Загинало лицето кое било во авионот што се урнал, додека во вториот авион никој не е повреден.

Не е познато колку точно луѓе имало во двата авиони.

МИА

Коронавирус