петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Едно лице убиено во пукање во училиште во Тенеси

Едно лице убиено во пукање во училиште во Тенеси

Едно лице е убиено, а еден полицаец е ранет во инцидент со пукање во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, соопшти полицијата.

Полицајците излегле на терен по дојава за вооружен маж во училиштето. Полицијата соопшти дека нема други повредени лица, додавајќи дека местото на несреќата е обезбедено. Властите не наведуваат други детали освен дека едно лице им подлегнало на повредите и дека друго е приведено за понатамошна истрага.

Полициската станица од тој американски град претходно на Твитер порача дека безбедносните сили се на местото на пукањето во средното училиште „Остин ист магнет“.

Раководството на училиштето за локалните медиуми потврди дека училиштето е затворено. Полицијата веднаш ги предупреди граѓаните да ја избегнуваат областа околу местото на пукањето.

Градоначалничката на Ноксвил, Индија Кинкенон изјави дека го посетила ранетиот полицаец.„Тој е свесен и добро расположен. Ја видов и неговата сопруга, ќе биде добро“, рече таа и додаде дека тој ќе мора да оди на операција.Таа исто така му се заблагодарила на полицаецот бидејќи го загрозил сопствениот живот за да ги заштити учениците и училишниот персонал.

Коронавирус