недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Едно лице почина, а тројца се во критична состојба по конзумирање дрога на музички фестивал

Едно лице почина, а тројца се во критична состојба по конзумирање дрога на музички фестивал

Едно 19-годишнио момче почина, а три лица се во критична состојба, откако конзумирале преголема доза дрога на музички фестивал во Сиднеј, соопшти локалната полиција.

Две девојки на 19 и 25 години и маж, чија возраст не е позната, се примени во болница во критична, но стабилна состојба, откако се онесвестиле за време на настанот во Олимпискиот парк во Сиднеј, на кој имало 18.000 луѓе.

Полицијата соопшти дека на вчерашниот фестивал вкупно 130 лица побарале лекарска помош.

Покренати се обвиненија против на 18-годишна девојка и 25-годишен маж кои биле фатени со големо количество екстази.

Коронавирус