понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Една жртва во антивладини протести во Багдад

Една жртва во антивладини протести во Багдад

Едно лице е убиено, а 200 се повредени во судири меѓу учесници во антивладини протести и безбедносните сили во Багдад, соопштија ирачките власти.

Ирачките министерства за внатрешни работи и здравство во заедничко соопштение информираа дека 40 луѓе се повредени во неколкучасовните протести во Багдад во кои безбедносните сили користеле борбена муниција, гумени куршуми и солзавец.

Протестите, поттикнати од економската состојба, избувнаа во неколку градови во Ирак.

Во Насирија исто така е убиен еден демонстрант, а околу 20 се повредени.