четврток, 5. август 2021. Вести денес: 172
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Една жртва при уривање на „Антонов Ан-2“ во Русија

Една жртва при уривање на „Антонов Ан-2“ во Русија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено кога авион „Антонов Ан-22“ се урна во регионот Нижни Новгород.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, несреќата се случила во 4:10 часот по локално време, а во моментот на несреќата во авионот биле две лица.

Според првите податоци од истрагата, несреќата најверојатно се случила кога авионот удрил во далекувод и се запалил.

Едно лице починало на лице место, а другото е пренесено во болница со изгореници што зафатиле 50 проценти од неговото тело. (МИА)

Коронавирус