недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Една жена загина, а 227 се повредени на протестите во Париз

Една жена загина, а 227 се повредени на протестите во Париз

Една жена (50) загина, а најмалку 227 се повредени, од кои шестмина се во тешка состојба, на синоќешните протести во Франција, организирани против високите цени на горивата, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Посочи дека на протестите учествувале 283.000 лица. Приведени се 117 лица.

Некои од демонстрантите се обиделе да стигнат до резиденцијата на францускиот претседател Еманеул Макрон, но полицијата интервенирала, употребувајќи солзавец.