среда, 2. декември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Една од најголемите европски држави се претвора во пустина: Нивото на водата никогаш пониско, исчезнуваат реките и езерата (ВИДЕО)

Една од најголемите европски држави се претвора во пустина: Нивото на водата никогаш пониско, исчезнуваат реките и езерата (ВИДЕО)

Стариот рибар Тадеуш Норберчиак (85) гледал како реката Висла се повлекла и го покажала исушеното корито, што не е само знак на летната суша туку и симбол на сериозно исчезнување на водата во Полска.

„Не се сеќавам дека нивото на вода некогаш било толку ниско како во последнава година, тоа е трагедија. Малку понатаму, Висла изгледа како бара“ – вели пензионерот.

Стотици реки во Полска се сведени на потоци, а езерата исчечзнуваат, а се смета дека оваа земја од 38 милиони луѓе може да го искуси сериозниот проблем со исчезнување на водата.

„Статистиката вели дека Полска има 1.600 метри кубни вода по жител што е трипати помалку од европскиот просек. Нашите извори на вода се споредуваат со оние во Египет“ – се пишува во неодамна објавениот извештај.

„Полска е европска пустина“.

Според податоците на Еуростатот, европскиот просек е 4.500 кубика вода по жител.

Полска, сместена во подрачјето помеѓу океаската и континентална климатска зона, никогаш немала многу вода. Како што тргнале климатските промени, па и честите суши, ситуацијата станува алармантна.

Дел од земјата кој се протега од западот кон истокот полека се претвора во степа. Тоа предизвикува големи проблеми во земјоделието, но и во шумите и животот на природата.

Минатата година била многу сушна и количината на вода паднала на 1.100 метри кубни по жител.

Се проценува дека оваа година ситуацијата ќе биде слична. Надлежните предупредуваат дека во две третини од земјата нивото на подземни води нема да бидат доволни за целото лето. Повеќе од 320 општини веќе прогласиле мерки за штедење и забраниле полнење базени, поливање на градините или миење на автомобилите. Казните се високи за тие кои не ги почитуваат правилата.

Некои делови од земјата веќе ја чувствуваат хидролошката суша која се случува кога водата не ги продира длабоките делови на тлото и не се филтрира на пролет.

„Не се сеќавам на вистинска зима во која снегот останал долго на тлото на земјата и полека се топел“ – додал пензионерот.

Нивото на водата во Варшава моментално е околу 40 центиметри, а некогаш било и до шест метри.

Во недостатокот на доволен број на резервоари, Полска моментално задржува само .5 отсто од водата која поминува по нејзината територија.

Затоа владата до 2027-та годиан планира да изгради нови резервоари со кои ќе го дуплира капацитетот на постоечките резервоари, а тоа би требало да чини околу 3.3 милијарди евра.

Коронавирус