недела, 9. мај 2021. Вести денес: 125
home Вести

Една фотографија ја покажува ужасната тајна на војската на Ким: Еве што лидерот на Северна Кореја сака да сокрие од светот (ФОТО)

На војниците им е кажано да си пронајдат хран, парите се користат за програмата за оружје.
Една фотографија ја покажува ужасната тајна на војската на Ким: Еве што лидерот на Северна Кореја сака да сокрие од светот (ФОТО)

Поради немањето на храна, севернокорејските војници ги тероризираат граѓаните со крадење по фармите. Дури добиле и повеќемесечна задача да се мотаат по полињата и пронајдат храна.

Кризата во која живеат граѓаните ескалира бидејќи Пјонгјанг престанал да ги финансира оброците на армијата, преместувајќи ги своите ресурси во програмата оружје.

На војниците им е кажано да си пронајдат храна.

-Јужнокорејскиот весник Дејли НК објави фотографии на кои се гледаат војници во поле за пченки. Во август минатата година пријавено е дека Пјонгјанг дозволил војниците да крадат од селаните.

-Официрите знаат подобро од било кога дека мораат да ги нахранат своите војници како би го одржале моралот, а порциите пченка со само неколку калории внесуваат разочарување во нивните редови, кажал неименувам извор од северната провинција Рјанганг.

Порано на селаните им беше наредено да собираат храна за војската, која во Северна Кореја се смета за повластена класа.

Коронавирус