среда, 14. април 2021. Вести денес: 32
home Вести

Една доза од овие вакцини го намалува ризикот од хоспитализација за 80 отсто

Една доза од овие вакцини го намалува ризикот од хоспитализација за 80 отсто

Една доза од вакцините на АстраЗенека/Оксфорд или Фајзер/БиоНТек против Ковид-19 ги намалува шансите за болничко лекување за повеќе од 80 отсто, покажува анализата спроведена во Англија.

Податоците на јавното здравство во Англија за луѓето на возраст над 80 години се совпаѓаат со слично „шпекулативните“ резултати во Шкотска.

Секретарот за здравство Мат Хенкок истакна дека наодите се „многу силни“.

Тој додаде и дека со вакцинацијата може да се објасни зошто бројот на приеми во одделите за интензивна нега поради Ковид-19 за луѓето над 80-годишна возраст во Велика Британија е „намален на едноцифрен број во последните неколку недели“.

Повеќе од 20 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус во Велика Британија, односно над една третина од возрасната популација. (МИА)

Коронавирус