четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Вести

Една добра вест во огромната трагедија: Сите уметнички дела се спасени, Круната од трње, светите реликвии

Една добра вест во огромната трагедија: Сите уметнички дела се спасени, Круната од трње, светите реликвии

Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.

Николас Делесал на Твитер напиша:

„Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.

Пожарот, кој уништи големи делови од париската катедрала, се прошири на една од познатите правоаголни кули, откако ги урна шпицестата кула и покривот. Засега нема информации за жртви.

Причината за пожарот не е позната, но властите го поврзуваат со тековното реновирање.

Француската Агенција за цивилна безбедност соопшти дека на местото се распоредени сите средства освен канадери (кои ги препорача Доналд Трамп), бидејќи тие може да предизвикаат колапс на целата градба.