понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 87
home Вести

ЕДИНСТВЕН СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Почина човек кој осум месеци бил позитивен на коронавирус

ЕДИНСТВЕН СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Почина човек кој осум месеци бил позитивен на коронавирус
илустрација

Италијанските медиуми пишуваат за случај од болницата „Сан Марино“ во Џенова, во која осум месеци се лекувал пациент кој цело време бил позитивен на коронавирус. Тој неодамна починал.

Примариумс доктор Матео Басети тврди дека ова засега е единствен случај во светот.

Пациентот имал и други болести, а неговиот имунитет бил слаб. Толку долг период на заболување со коронависурот, цели 250 дена, досега не е забележан во светот.

-Овој случај ни покажува колку се уште не знаеме за Ковид-19, изјавил докторот за агенцијата Анса.

Коронавирус