среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 115
home Вести

Единаесетмина повредени при обид за бегство на мигранти од камп во Шпанија

Единаесетмина повредени при обид за бегство на мигранти од камп во Шпанија

Десетмина шпански полицајци и еден Алжирец се повредени, при судири до кои дошло кога поголема група мигранти се обиделе да побегнат од мигрантски камп во реонот на Мадрид.

Како што соопшти шпанската полиција, инцидентот се случил кога група од околу 80 мигранти по потекло од Алжир, се обиделе да побегнат од кампот каде биле сместени до завршување на постапката за нивна депортација од Шпанија.

Во август од истиот камп побегнаа 13 мигранти, кои требаше да бидат депортирани. Шпанската полиција успеа да пронајде само петмина од нив.

По затворањето на италијанските пристаништа за прием на мигранти кои се бродови се обидуваат од Африка да стигнат до Европа, се зголеми приливот на бегалци во Шпанија. На мигрантите кои потекнуваат од т.н. безбедни земји, меѓу кои е и Алжир, им се одбиваат барањата за азил и властите ги сместуваат во кампови до завршувања на постапката за нивна депортација, која трае и до 60 дена. (МИА)

Коронавирус