сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 51
home Вести

Еден загинат при протести на границата меѓу Израел и Појасот Газа

Еден загинат при протести на границата меѓу Израел и Појасот Газа

Хендикепиран Палестинец, кој учествувал во протестите крај границата меѓу Израел и Појасот Газа, загина, откако бил застрелан од израелски снајперски оган, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.

Според истиот извор, при протестите биле повредени уште петмина палестински демонстранти.

Портпаролка на израелската армија одби да ги коментира информациите.

Палестински демонстранти се судрија со израелски сили, трет петок по ред. При судирите досега загинаа вкупно 36 лица, а стотици беа ранети.

Весникот „Израел Тајмс” јавиа дека демонстранти пред денешните протести палеле гуми и подготвиле стотици експлозивни направи.

Израел фрли летоци во Појасот Газа, предупредувајќи ги Палестинците да не се доближуваат до граничната ограда.

– Терористичната организација Хамас ве користи за да врши терористички напади. Израелските одбранбени сили се подготвени за секакви сценарија. Стојте подалеку од оградата и не се обидувајте да ја  оштетите, гласи текстот на летоците, кои утрово  беа расфрлани од израелската авијација во регионот до границата.

Масовите палестински протести долж границата меѓу Израел и Појасот Газа започнаа на 30 март и се очекува да ја достигнат својата кулминација на 15 мај.

МИА