вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 14
home Вести

Еден убиен и шестмина повредени полицајци во престрелка во Јужна Каролина

Еден убиен и шестмина повредени полицајци во престрелка во Јужна Каролина

Еден полицаец е убиен и шестмина се повредени во престрелка што се случила во американската држава Јужна Каролина, а локалните власти соопштија дека осомничениот напаѓач е уапсен.

Полицајците биле нападнати во градот Флоранс при обид да спроведат налог за апсење. Локалните медиуми истакнуваат дека инцидентот се случил во богат кварт.

Напаѓачот се предал по преговори.

Повеќе претставници на американските власти, вклучително и претседателот Доналд Трамп, реагираа на престрелката.

– Моите мисли и молитви вечерва се со службата на шерифот на округот Флоранс и полициската управа на Флоранс, Јужна Каролина. Засекогаш сме благодарни за она што го прави нашата полиција 24/7/365, напиша Трамп на Твитер.

МИА

Коронавирус