сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Еден од осомничените за смртта на новинарот ја носел облеката на убиениот Кашоги, очила и лажна брада

Еден од осомничените за смртта на новинарот ја носел облеката на убиениот Кашоги, очила и лажна брада

Еден од 15-те Саудијци осомничени за смртта на новинарот Џамал Кашоги, ја носел неговата облека, а го снимиле камерите, објави „Си-ен-ен“ повикувајќи се на турски извори.

Снимките на кои Саудиецот ја носи облеката на новинарот се снимени на денот на неговото убиство, 2 октомври.

На снимките кои ги поседува Си-ен-ен, се гледа како еден човек излегува на задната врата на конзулатот. На себе ги носи алиштата на новинарот, очилата и лажна брада.

Истиот човек е во истата облека, пишуваат турските медиуми, неколку часа подоцна е виден кај светски познатата Сина џамија во Истанбул.

Човекот на снимката е идентификуван како Мустафа ал-Мадани и бил дел од групата за која истражителите се сомневаат дека го извршила убиството на новинарот.

Коронавирус