четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Еден грам e поскапо од злато: Мафијата тргува со риба која наводно е чудотворен лек

Еден грам e поскапо од злато: Мафијата тргува со риба која наводно е чудотворен лек

Во традиционалната кинеска медицина се верува дека меурот од тотоаба има чудотворни исцелителски моќи, а најпознат е како лек за артритис, за проблеми со циркулацијата и кожата, па дури се смета и за секс дрога оти наводно ја зголемува потенцијата и плодноста.

Иако овие тврдења се научно непоткрепени, тоа не ги спречува мексиканската и кинеската мафија да заработуваат десетици илјади долари од нелегална продажба, открива најновиот документарен филм на Нешнл џиографик, „Море на сенки“.

Единствениот дом на рибата тотаба е Кортезовото море кое го раздвојува калифорнискиот залив од копнено Мексико. Но, како последица од ловењето на тотоабата изумира и калифорниската морска свиња, или како што ја нарекува локалното население – вакитас. Се предвидува дека овој вид би можел во целост да изумре во следните 12 месеци, а ја убива ловот на „морскиот кокаин“, рибата со која го дели животниот простор и поради што завршува во нелегално поставените рибарски мрежи.

Се верува дека останале можеби само 15 примероци, а потребно е да се преземат итни мерки за да се спаси целиот вид, предупредуваат истражувачите од Универзитетот Сент Ендруз. Тие додаваат дека овој вид најмали морски свињи на светот не можат да се одгледуваат во заробеништво.

Рибарите илегално ја ловат рибата тотоаба во посебни гилнет мрежи, а бидејќи калифорниската морска свиња и тотоабата се приближно со иста големина во мрежите често завршуваат и морските свињи.

Иако мексиканските власти пред две години ги забранија гилнет мрежите илегалниот риболов продолжува. Според последните истражувања во Кортезовото море сега има само шест примерока од вакита.

-Треба како луѓе да се разбудиме и да сториме се што можеме. Секој од нас може да направи промена и да влијае на целата планета, рече на лондонската премиерра на филмот режисерот Ричард Ладкани.

Како што објави „Сан“, надвор од кадарот на камерите еден вицеадмирал од мексиканската морнарица му рекол на режисерот:

„Тие луѓе (шверцерите) знаат каде живееме. Знаат како се вика ќерка ми, жена ми, знаат се за нас. Ако ги гониме ќе дојдат по нас и ќе не убијат. Не само нас туку и нашите семејства, ете затоа не ги гониме“.

Вакита спаѓа во редот на китовите и е тесно поврзана со делфините. Не растат повеќе од метар и половина. Во 1997 година ги имало 567 вакви морски свињи, а лани беа избројани само шест.

Коронавирус