вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ѕвездата на Доналд Трамп во Холивуд повторно вандализирана

Ѕвездата на Доналд Трамп во Холивуд повторно вандализирана

Ѕвездата на американскиот претседател Доналд Трамп на Патеката на славните во Холивуд, беше вандализирана во протестите против расизмот и полициската бруталност во САД.

Тоа се случило завчера, кога 50.000 луѓе протестираа во најпознатиот дел на Лос Анџелес. Обележјето било целосно покриено со црна боја, а одоколу се испишани пцовки и навреди на сметка на Трамп.

Пред да стане политичар, Трамп беше бинисмен и имаше свое реално шоу, односно беше ТВ-ѕвезда. Неговата ѕвезда на Патеката на славните ja доби во 2007 година. Обележјето беше неколкупати вандализирано од политички неистомисленици.

Локални избори 2021