среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 184
home Вести

Џонсон стана татко: Свршеницата на британскиот премиер роди здраво момче

Џонсон стана татко: Свршеницата на британскиот премиер роди здраво момче

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница рано утринава станаа горди родители на здраво момче.

Кери се породи утринава во болница во Лондон. Портпаролот на парот, на кои ова им е прво заедничко дете, рекол дека мајката и бебето се добри.

– Премиерот и госпоѓата Симонс се воодушевени со раѓањето на здраво момче, рекол тој, додавајќи дека парот сака да се заблагодари на „фантастичниот тим“ на болницата.

Симондс била во самоизолација, по што претрпела симптоми на коронавирусот, а откако Џонсон се излечил од инфекцијата, му се придружила во неговата куќа за домашно закрепнување.

Џонсон и Симондс во февруари објавија дека се верени и дека очекуваат бебе.

Коронавирус