четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Џонсон со порака по излегувањето од болница: Заедно ќе го победиме коронавирусот

Џонсон со порака по излегувањето од болница: Заедно ќе го победиме коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон кој една недела мина во болницата „Сент Томас“ во Лондон заради лекување од Ковоид-19, веднаш по излегувањето од болница, вчера, преку видео порака  на Твитер соопшти дека „денеска ја напуштив болница по една недела во која националниот здравствен систем ми го спаси животот“.

Тој прво им се заблагодари на сите во Обединетото Кралство заради, како што кажа, жртвите кои ги прават во борбата против коронавирусот.

Џонсон ги повика Британците да продолжат со борбата против заразата.

-Ако можеме да спречиме британскиот здравствен систем да биде пренатрупан со болни, тогаш не можеме да изгубиме, рече Џонсон во пораката.

„Во последната недела видов под кој притисок се болниците. Видов храброст, не само кај лекарите и сестрите, туку кај сите“, рече британскиот премиер.

Во пораката тој кажа и дека „тие луѓе и натаму доаѓаат на работа и го ризикуваат својот живот од смртоносниот вирус“.

„Ќе го победиме коронаворусот, ќе го победиме заедно“, им порача Џонсон на Британците.

Неговата партнерка, која и смаата имаше симптоми на болеста, изјави дека минатата недела имало критични моменти.

-Имаше моменти кои беа мрачни. Моите мисли се со оние кои минуваат низ слични ситуации, загрижени за своите најмили, изјави таа. „ Се чуствувам неверојатно среќно“, додаде бремената Кери Симондс(32).

Локални избори 2021