среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 13
home Вести

Џонсон сака да забрани законски продолжување на преодниот период со ЕУ

Џонсон сака да забрани законски продолжување на преодниот период со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон сака законски да забрани какво било продолжување на преодниот период  по официјалното излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари, изјави денеска владин извор.

-Минатата недела народот гласаше за влада што ќе го оствари Брегзит и ќе и овозможи на земјата да оди напред. И тоа е токму она што имаме намера да го направиме оваа недела, рече извор од Даунинг стрит 10.

Изворот додаде дека нивната програма јасно укажала дека нема да се продолжи преодниот период и новиот закон за спроведување на договорот за излез од ЕУ ќе „законски забрани на владата да прифати какво било продолжение по 2020 година“. (МИА)