вторник, 4. август 2020. Вести денес: 190
home Вести

Џонсон: Пролонгирано укинувањето на дел од рестриктивните мерки во Англија

Џонсон: Пролонгирано укинувањето на дел од рестриктивните мерки во Англија

Понатамошното укинување на рестриктивните мерки во Англија, што требаше да стапи на 1 август пролонгирано е за најмалку две недели, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

Настапите во затворен простор нема да се реализираат, а исто така не се дозволени и гужви во спортските центри, како и свадби со повеќе од 30 луѓе.

Одложувањето се должи на зголемениот број на инфицирани лица со Ковид-19 во Англија.

– Не можеме да бидеме задоволни со себе, мора брзо да дејствуваме. Одлуката за заострување на рестриктивните мерки во северниот дел на Англија се целни мерки што треба да се преземат, посочи Џонсон.

Тој ги предупреди и работодавачите да ги заштитат работните места од инфекцијата.

Коронавирус