среда, 18. септември 2019. Вести денес: 73
home Вести

Џонсон: Подобро да бидам мртов во ендек отколку да го одложам Брегзит

Џонсон: Подобро да бидам мртов во ендек отколку да го одложам Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа вети дека никогаш нема да го одложи излегувањето на Велика Британија од ЕУ, закажано за 31 октомври, истакнувајќи дека попрво би бил мртов во ендек отколку да го стори тоа.

Запрашан дали може на британската јавност да и вети дека нема да оди во Брисел и да бара ново одложување на рокот на излез на земјата од ЕУ, Џонсон кажа „можам да го ветам тоа. Попрво би бил мртов во ендек“.

Во говор во полициска станица во северна Англија тој се запраша каква би била смислата од одложувањето на излезот на Велика Британија од ЕУ, пренесуваат британските медиуми.

Пратениците на Долниот дом на британскиот Парламент во вторникот го поддржаа предлог законот со кој треба да се спречи Брегзит без договор, со кој Џонсон се обврзува дека од Брисел ќе побара да се продолжи рокот за Брегзит по 31 октомври. (МИА)