понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 122
home Вести

Џонсон: Не се сомневам дека кралското семејство ќе ги реши проблемите

Џонсон за Би-Би-Си кажа дека е голем фан на кралицата и кралското семејство, кое го нарече „ фантастична предност за нашата земја“, пренесоа британските медиуми.
Џонсон: Не се сомневам дека кралското семејство ќе ги реши проблемите

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека не се сомнева дека кралското семејство ќе ги реши проблемите што ги има, откако вчера кралицата Елизабета Втора му даде благослов на принцот Хари и на неговата сопруга Меган Меркл да се повлечат од вишите кралски должности.

Џонсон за Би-Би-Си кажа дека е голем фан на кралицата и кралското семејство, кое го нарече „ фантастична предност за нашата земја“, пренесоа британските медиуми.

-Апсолутно сум уверен дека ова ќе се реши и веројатно ќе може полесно да се реши без било какви мои посебни коментари, рече Џонсон.

Британската кралица вчера соопшти дека се согласила со желбата на принцот Хари и неговата сопруга да водат независен живот и дека на кризниот состанок бил договорен преоден период во текот на кој војводата и војводтката од Сасекс времето ќе го минуваат и во Канада и во Велика Британија.