вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 12
home Вести

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на британската Влада

Џонсон не ја сака шкотската премиерка на седница на британската Влада

Британскиот премиер Борис Џонсон го спречи планот да се покани шкотската премиерка Никола Старџен на седница на неговиот кабинет, објави лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Предлогот да се покани шкотската премиерка на седницата на британската Влада го даде генералниот секретар на Владата, Мајкл Гов, со цел да се намали растечката поддршка на шкотската јавност за идејата за шкотска независност, но и да ѝ се даде на шкотската премиерка можност да зборува.

Сепак, на Џонсон не му се допаднала идејата „Никола Старџен да биде на исто ниво на политичко значење како него“, изјавил доверлив извор.

Мнозинство од 54 проценти од Шкотите се за отцепување на Велика Британија затоа што шкотската Влада, според граѓаните, подобро се справила кризата со коронавирусот од владата на Џонсон. (МИА)

Коронавирус