среда, 15. јули 2020. Вести денес: 62
home Вести

Џонсон: Не е момент да се истражуваат владините грешки

Џонсон: Не е момент да се истражуваат владините грешки

Британскиот премиер Борис Џонсон во интервју за Радио Тајмс изјави дека не е прав момент да се истражува дали Владата на Велика Британија погрешно постапила во текот на пандемијата со Ковид-19.

Тој додаде дека ќе преземе одговорност поради што медицинските работници немаа заштитна опрема.

Џонсон на прашањето дали размислува за големиот број на заразени со новиот коронавирус, одговори дека секој ден мисли на тоа.

– Клучна работа е да бидеме подготвени да ги изгаснеме сите локални жаришта, посочи Џонсон.