понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 120
home Вести

Џонсон му нуди соработка на Макрон по дипломатската криза со подморниците

Џонсон му нуди соработка на Макрон по дипломатската криза со подморниците

Британскиот премиер Борис Џонсон му предложи на францускиот претседател Емануел Макрон „продолжување на соработката меѓу Франција и Велика Британија“ по дипломатската криза поради подморниците, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу двајцата лидери.

Во денешниот телефонски разговор одржан „на барање на Лондон“, Џoнсон „изрази подготвеност повторно да воспостави соработка помеѓу Париз и Лондон согласно нашите вредности и заеднички интереси (клима, индо-пацифичка област, борба против тероризмот и слично)“, се наведува во краткото соопштение од кабинетот на францускиот претседател.

– Претседателот му одговори на британскиот премиер дека ги очекува неговите предлози, се додава во соопштенеито.

Разговорот се одржа два дена по разговорите меѓу Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден со кои се намалија тензиите меѓу Париз и Вашингтон поради прогласување стратешко партнерство меѓу САД, Австралија и Велика Британија на 15 септември, кое заврши со откажување на профитабилен договор според кој Канбера требаше да купи француски подморници.

Локални избори 2021