недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Џонсон: Ќе воведеме карантин и за други земји ако е потребно

Џонсон: Ќе воведеме карантин и за други земји ако е потребно

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата ќе воведе карантин и за други земји доколку продолжи да се зголемува бројот на случаи на коронавирусот, и ако е неопходна таква мерка.

Тој ова го изјави по повод одлуката на британската Влада да воведе карантин за лицата кои се враќаат од Шпанија.

-Се плашам дека гледаме знаци на втор бран во други земји. Тоа е наша работа, наша должност е да дејствуваме брзо и одлучно за да ги спречиме патниците што се враќаат од другите земји да го шират вирусот овде во Велика Британија, рече Џонсон.

На прашањето дали 14-дневниот карантин може да се намали, Џонсон рече дека бара начини за ублажување на карантинот, да им се помогне на луѓето и да се обезбеди науката да работи за да им помогне на патниците и туристите, пренесува Би-Би-Си.

-Во овој момент кога мора да ги следите упатствата што ги даваме, ние дадовме упатства за Шпанија и некои други места низ целиот свет, рече Џонсон.

Коронавирус