сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Џонсон именуваше нови членови на Домот на лордовите

Џонсон именуваше нови членови на Домот на лордовите

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера именуваше 36 нови членови на Домот на лордовите, вклучително неговиот брат, неколкумина истакнати прврзаници на Брегзит, како и сопственик на медиуми, роден во Русија, чиј татко беше агент на КГБ.

На листата на нови членови е и поранешната крикет ѕвезда Јан Ботам, приврзаник на Брегзит.

Поранешните министри за финансии Јен Кларк и Филип Хамонд, кои беа против Брегзит, исто така се именувани за членови на Домот на лордовите. Како и Евгениј Лебдев, сопственик на весниците Индепендент и Ивнинг стандард. Татко на Евгениј е рускиот олигарх Алекдандар Лебедев, кој работеше за КГБ.

На листата е е и лидерката на шкотските конзервативци Рут Дејвисон, заедно со братот на Џонсон, Џо, кој беше против Брегзит и минатата година ја напушти Владата поради несогласвање со нејзината полиитка,

Поголемиот број именувани кандидати се во сојуз со владејачката Конзервативна партија на Џонсон, а има и поранешни пратеници од опозициската Лабиуристичка партија, кои го поддржаа Брегзит. (MИА)

Коронавирус