сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Џонсон и Џонсон“ исто како „Астра Зенека“- ќе се вакцинираат само лица постари од 55 години

„Џонсон и Џонсон“ исто како „Астра Зенека“- ќе се вакцинираат само лица постари од 55 години

Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон против Ковид-19 во Франција ќе им се дава само на луѓе постари од 55 години, како што е случајот со Астра Зенека.

Употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон е прекината во САД и Јужна Африка поради ретка појава на згрутчување на крвта, по што лабораторијата ја одложи испораката на оваа вакцина за еднократна употреба во Европа, четврта по ред која ЕМА ја одобри во ЕУ.

ЕМА ќе објави нова проценка за вакцината следната недела.

– Ја примивме првата пратка од оваа вакцина. Околу 200.000 дози пристигнаа на почетокот на неделата и ние само ја дистрибуираме до матичните лекари и аптеките, рече портпаролот на француската Влада Габриел Атал.

– Очигледно, ќе ја дистрибуираме и администрираме под истите услови како и вакцината на Астра Зенека, т.е. на лица постари од 55 години, истакна Атал.

Тој подвлече дека оваа вакцина, „покажува многу добри резултати и ефикасно штити од тешки форми на болеста“.

Коронавирус