сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 20
home Вести

„Џонсон & Џонсон“ мора да плати осум милијарди долари отштета

„Џонсон & Џонсон“ мора да плати осум милијарди долари отштета

Суд во Пенсилванија пресуди дека американскиот фармацевтски гигант „Џонсон & Џонсон“ мора да плати осум милијарди долари отштета поради тоа што не предупредил дека нивниот антипсихотик може да доведе до раст на градите кај мажите.

Николас Мари (26) го тужеше „Џонсон & Џонсон“ и неговата подружница „Џенсен“ поради тоа што по земањето на лекот Риспердал му се зголемиле градите.

Во соопштението од фармацевтската компанија се наведува дека отштетата е „далеку несразмерна“, со оглед на тоа дека првостепениот суд на Мари му доделил отштета од 680.000 долари.

Со продажбата на лекот, фирмата во 2018 година заработиле 737 милиони долари.