вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Даунинг стрит секој ден ќе биде отворен за медиумите

Џонсон: Даунинг стрит секој ден ќе биде отворен за медиумите

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да воведе нова медиумска пракса во британската Влада и вратите на Даунинг стрит секој ден да ги отвори за медиумите, соопшти Скај њуз.

Дневните прес-конференции наскоро ќе бидат емитувани и на телевизија, како во времето кога беше прогласена вонредната состојба заради епидемијата на коронавирус.

Секојдневните прес брифинзи се постојана пракса во Белата куќа, но за време на претседателството на Доналд Трамп овие настани станаа сцена на остра конфронтација меѓу претставниците на седмата сила и функционери од претседателскиот кабинет, особено со Џон Спајсер и Сара Хакаби Сандерс.

Британскиот премиер изјави дека новата медиумска пракса на Даунинг стрит ќе ја афирмира „културата на транспарентност и отвореност“.

Коронавирус