петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон: Ако не слушате воведуваме полициски час

Џонсон: Ако не слушате воведуваме полициски час

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека доколку луѓето не ги слушаат советите на Владата за социјално дистанцирање, ќе мора да се воведе полицики час и ограничување на патувањата поради спречување на ширење на новиот коронавирус.

Во Велика Британија затворени се пабовите, клубовите и вежбалниците, но социјалните мрежи се преплавени со фотографиии од граѓаните кои се собираат во парковите и пазарите.

Останете на оддалеченост од два метра. Тоа не е толку тешка работа. Направете го тоа. Во спротивно ќе мора да воведеме понатамошни мерки, истакна Џонсон.

Британскиот министер за заедниците Роберт Џенрик изјави дека Владата писмено бара од најзагрозените граѓаи да останат дома во следните 12 недели со цел да се заштитат од Ковид-19.

Во Велика Британија од почетокот на ширењето на новиот коронавирус починаа 281, додека 5.683 луѓе се инфицирани.

Коронавирус