петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 165
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Вести

„Џонс Хопкинс“: Повеќе Американци починаа од коронавирус отколку од шпанскиот грип

„Џонс Хопкинс“: Повеќе Американци починаа од коронавирус отколку од шпанскиот грип

Во Соединетите Американски Држави од Ковид-19 починаа поголем број жители отколку од шпанскиот грип во периодот од 1918-1919 година, покажуваат податоците што ги објави Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Според најновите податоци на Институтот, повеќе од 675.700 луѓе заразени со новиот коронавирус починаа во САД.

Историчарите и Центарот за превенција и контрола на болести, главната американска агенција за јавно здравје, проценуваат дека од таканаречениот„шпански убиец“ настрадале најмалку 50 милиони луѓе ширум светот, вклучително и 675.000 во САД.

Така, шпанскиот грип, барем во апсолутна вредност, ја загуби титулата најлоша пандемија во поновата историја на САД.

Но, за разлика од Ковид-19, таа пандемија сериозно ги погоди возрасните групи како што се децата под пет години и луѓето помеѓу 20 и 40 години. (МИА)

Коронавирус