четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 73
home Вести

Џон Болтон пристигна во Израел

Џон Болтон пристигна во Израел

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, допатува во Израел, каде што разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран.

Според израелските медиуми, Болтон му кажал на израелскиот премиер дека иранската балистичка и нуклеарна програма е „на врвот на листата” на теми за дискусија.

Кабинетот на израелскиот премиер објави дека Нетанјаху сака да разговара за начините за намалување на „иранската агресија во регионот”

Болтон беше гласен критичар на нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран, од кој САД се повлекоа.

– Големи се предизвиците за Израел, САД и целиот свет – иранската нуклеарна и балистичка програма се на врвот на листата, рече Болтон.

Болтон ќе се состане со руски официјални лица следната недела во Женева и ќе ја посети Украина.

Коронавирус