вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Џинпинг: Кина ќе ги намали увозните царини и ќе го прошири пристапот до своите пазари

Џинпинг: Кина ќе ги намали увозните царини и ќе го прошири пристапот до своите пазари

Кина ќе вложи уште поголеми напори за да го зголеми увозот и да ги прошири своите пазари, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на отворањето на кинескиот Меѓународен саем за увоз.

– Вратата на Кина нема никогаш да се затвори, таа ќе се отвора уште повеќе, изјави тој пред странските лидери и функционери, меѓу кои беа и директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Саемот се смета за кинески одговор на трговската војна, која во јули ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од огромниот дефицит на САД во трговијата со Кина.

Кина ќе продолжи да се отвора кон светот во областа на образованието, телекомуникациите и културата, а паралелно со тоа ќе ги заштити интересите на странските компании, соопшти Џинпинг и додаде дека ќе има и казни за нарушување на интелектуалната сопственост.

Се очекува Си и Трамп да се сретнат кон крајот на месецов, на маргините на меѓународен форум во Аргентина.

МИА

Коронавирус