сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 62
home Вести

Џиновска ајкула снимена блиску брегот на Ирска

Џиновска ајкула снимена блиску брегот на Ирска

Голема ајкула е снимена од туристи на крстарење во Атлантскиот Океан, недалеку од брегот на Ирска, а некои од нив исплашено врескале гледајќи ја како кружи околу бродот.

Музичарот Алекс Албрехт ја објави снимката на Тик-ток, па таа за неколку дена собра над 49 милиони прегледи. Поради својата големина, ајкулата на многумина им личела на легендарниот „мегалодон“ – праисториски вид ајкула што изумрел пред 23 милиони години, а единка можело да порасне и до 18 метри должина.

Сепак, имаше и такви кои тука ја препознаа џиновската ајкула, која после китот, е втора по големина вид риби. Иако може да пораснат и до 12 метри, овие животни се хранат со планктони и не се опасни за луѓето.

Коронавирус