вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Џереми Корбин претпочита предвремени избори наместо втор референдум за Брегзит

Џереми Корбин претпочита предвремени избори наместо втор референдум за Брегзит

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави денеска дека преферира предвремени избори наместо втор референдум за Брегзит.

На годишниот Конгрес на Лабуристичката партија, кој денеска почна во Ливерпул, ќе се разговара дали партијата ќе ја поддржи идејата за втор референдум за Брегзит

– Ние претпочитаме општи избори, по кои ќе можеме ние да ги договораме идните односи со Европа. Но, ајде прво да видиме што ќе се случи на Конгресот, рече Корбин во изјава за Би-Би-Си.

Корбин рече дека ако лабуристите преговараат со Брисел, би се обиделе да постигнат трговски договор со царинска унија со ЕУ, за да нема потреба од тврда граница на островот Ирска.

Прашањето за идната граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска е едно од најспорните во разговорите за Брегзит.

Коронавирус