сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Двете водечки партии во Италија избраа премиер технократ

Двете водечки партии во Италија избраа премиер технократ

Џузепе Конте, професор по приватно право во Универзитетот во Фиренца, речиси целосно непознат за повеќето Италијанци и за голем дел од академските кругови, ќе има мисија да ги исполни 38-те точки од владиниот договор склучен од двете антисистемски политички сили во Италија, пишува шпанскиот весник „Паис”.

Италијанското антисистемско движење „Пет ѕвезди“ и крајнодесничарската „Лига“ долго време гледаа со презир кон идејата власта да отиде во рацете на технократ, наместо кај политичар избран од народот, пишува весникот „Фајненшл тајмс”.

Но, жестоката борба за превласт меѓу партиските лидери со амбиции за премиерската функција Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, ги натера да изберат трета варијанта за шеф на извршната власт, забележува францускиот „Фигаро”.

Ако биде одобрен од претседателот Серџо Матарела, Конте ќе стане 65-от премиер во последните 72 години во земја, каде што премиерите преживуваат во просек по година и два месеци, посочува „Паис”.

Тој ќе претставува влада, која вети дека ќе се бори со ЕУ за се, од економската политика до имиграцијата и надворешни работи. Недостигот на политичко искуство и слабите врски на Конте со двете партии, сигурно ќе предизвикаат прашања околу тоа колку тој ќе биде ефикасен на функцијата, а тоа дополнително ќе ги усложни односите меѓу Брисел и третата по големина економија во еврозоната.

Во последните денови лидерите на Пет ѕвезди и Лига, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, составија заедничка владина програма, која им врти грб на строгите мерки за штедење и „диктатите“ на Брисел, пишува „Фигаро”. Тоа ги загрижува финансиските пазари. Во конечната верзија на програмата барем не фигурираат предизвикувачите на шок мерки, кои се појавија во претходните верзии, вклучувајќи евентуалното излегување од евро-зоната и отпишување на дел од колосалниот јавен долг.

Според италијанскиот печат, Салвини ќе го предводи Министерството за внатрешни работи, а Ди Мајо ќе стане министер за економски развој и труд.

Коронавирус