среда, 30. септември 2020. Вести денес: 62
home Вести

Две жртви и седуммина ранети во пукање во Хјустон

Две жртви и седуммина ранети во пукање во Хјустон

Две лица загинале, а седум се повредени во пукање од автомобил за време на снимање на видео спот во Хјустон, Тексас, соопштија локалните власти.

– Девет лица се погодени од огнено оружје од кои едното е во критична состојба, а две загинаа на лице место – соопшти шерифот Ед Гонзалес на Твитер.

Двајцата загинати се на возраст од 20 и 22 години.

Нападот се случил во станбен кварт Хјустон.

Коронавирус